Slide

ЗАКОНОДАВНА
РАМКА

За одобрување на изградбата, процесот на лиценцирање и работа на МХЕ се надлежни повеќе институции, меѓу кои и Министерството за економија – Сектор за енергетика, Агенцијата за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика, Македонски електропреносен систем оператор (МЕПСО), Операторот на системот за дистрибуција/снабдување со електрична енергија (ЕВН Македонија), Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Лиценцирањето и работата се регулираат со повеќе закони, како и со голем број подзаконски акти, правилници и уредби: Закон за енергетика, Закон за водите, Закон за шумите, Закон за концесии и јавно приватни партнерство, Закон за животна средина, Закон за градење, Закон за земјоделско земјиште, Закон за просторно и урбанистичко планирање итн.

РЕГУЛАТИВА

Во Прирачникот за постапките за развој и изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија – хидроелектрани може да се видат сите законски постапки и процеси во текот на изградбата на мали хидроелектрани:

https://economy.gov.mk/Upload/Documents/Guidelines_on_smal_hydros_B5_final_4.pdf

РЕГИСТАР НА
МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

Според Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РС Македонија, заклучно со 3 февруари 2020 г., има вкупно регистрирани 120 мали хидроелектрани со инсталирана моќност до 10 MW. Додека изградени и пуштени во употреба се 103 мали хидроелектрани. Од нив 93 се изградени и пуштени во употреба и користат повластена тарифа во рок од 20 години, додека за 27 се издадени привремени решенија. Вкупната моќност на 120-те МХЕ е 114,46 MW.
Регистарот на повластени производители од обновливи извори го објавува Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РС Македонија и е достапен на следниот линк:

https://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=57

СТУДИИ
И ЕЛАБОРАТИ

Наскоро