Slide

СТАБИЛНОСТ НА
ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ

Во услови на глобални климатски промени и намалување на користењето на обновливите извори на енергија, стабилноста на енергетскиот систем е значајна особено за земјите кои имаат потреба од увоз на енергија. Обновливите извори на енергија имаат значаен потенцијал за развој на циркуларната економија во земјата, ги користат обновливите извори на енергија и не ја загадуваат животната средина, произведуваат чиста енергија, значително придонесуваат за намалување на енергетската зависност на земјата од увоз на електрична енергија, обезбедуваат стабилност на енергетскиот систем во земјата.

Малите хидро електрани помагаат во креирањето на диверзифициран електроенергетски систем, обезбедувајќи производство на електрична енергија во мали дистрибутивни системи, во случај на прекини во главната мрежа. Подостапни се за инвестиција во споредба со големите хидроцентрали и придонесуваат во снабдувањето на државата со електрична енергија односно ја намалуваат потребата од увоз на електрична енергија. Со намалување на увоз на електрична енергија во Република Северна Македонија, се намалуваат и загубите низ системот за пренос и се подобрува квалитетот на електричната енергија во дистрибутивниот систем.

Slide КОЛИЧЕСТВО НА
ПРОИЗВЕДЕНА ЕНЕРГИЈА
СПОРЕД ИЗВОРИ

Енергетската слика во Република Северна Македонија во моментот покажува дека земјата увезува 26% од електричната енергија, а користи 74% електрична енергија од домашно производство. При тоа од вкупно произведените 5164 GWh електрична енергија во РС Македонија за 2020 година, само 26% е од обновливи извори.

Во РС Македонија вкупно се изградени 276 електрични централи, со вкупна инсталирана моќност од 2.069,21 MW. При тоа во РС Македонија изградени се:

  • 2 Термо Електрични Централи на јаглен, со инсталирана моќност од 824 MW;
  • 1 Термо Електрична Централа на мазут, со инсталирана моќност од 210 MW;
  • 3 Термо Електрични Централи на гас, со инсталирана моќност од 286 MW;
  • 8 Хидро Електрични Централи (ХЕЦ > 10 MW), со инсталирана моќност од 599 MW;
  • 155 Фото-Волтаични Електрични Централи, со инсталирана моќност од 34 MW;
  •  103 Мали Хидро Електрични Централи (МХЕЦ < 10 MW), со инсталирана моќност од 112 MW;
  •  1 Ветерна Електрична Централа, со инсталирана моќност од 36,8 MW;
  •  3 Био-Гасни Електрични Централи, со инсталирана моќност од 7 MW.

НАЦИОНАЛНИ ЦЕЛИ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА
ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА

Стратегијата за енергетика на Северна Македонија до 2040 година се дефинираат долгорочните цели за развој на поедини енергетски дејности за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со различни видови на енергија, при тоа обезбедувајќи услови и начин за заштита на животната средина и мерки за реализација на заштитата. Развиена е стратешка оцена на влијанијата врз животната средина како посебен документ за процена на околински остварливите и одржливите опции за постигнување на целитe. Зеленото сценарио на Стратегијата предвидува да постигне учеството на Обновливи извори на енергија до 44% во 2040 година во вкупната потрошувачка на финална енергија. Во стратегијата се предвидени инвестиции во фотоволтаични централи кои е предвидено да имаат вкупен инсталиран капацитет од 1357 MW односно 41, 8% од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, за инвестиции во електроцентрали на биогас и биомаса се планира да имаат вкупен инсталиран капацитет од 38 MW односно 1,2 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, потоа во новите големи хидроцентрали (Чебрен, Градец, Велес, КВ Козјак, Глобочица) за кои се планира да имаат вкупен инсталиран капацитет од 775 MW односно 23,9 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, а во новите мали хидроцентрали е планирано да имаат вкупен инсталиран капацитет од 223 MW односно 6,9 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија. Предвидени се и инвестиции во термоцентрали на гас за кои се планира да има вкупен инсталиран капацитет од 141 MW односно 4,3 % од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија.

Slide

ОДРЖЛИВОСТ

Користењето на обновливи извори на енергија е значајно глобално, но и за земјите за надминување на климатските промени и за исполнување на целите за одржлив развој. Во светски рамки и како што е дефинирано во Целите за одржлив развој на Организацијата на обединети нации, една од најзначајните цели е да се обезбеди чиста и достапна, одржлива и модерна енергија.

Инвестицијата во обновливите извори на енергија има повеќе бенефити и овозможува одржливост – овој вид на енергија не произведува емисии на стаклени гасови од фосилните горива и го намалува загадувањето на воздухот. Обновливите извори на енергија го диверзифицираат снабдувањето со енергија и ја намалуваат зависноста од увезени горива, создавајќи економски развој и работни места во производството, инсталацијата и многу повеќе.

Развојот на овој сектор во енергетиката дополнително обезбедува инвестиции што поволно влијае врз економски развој на земјата, а не смеат да се занемарат и работни места кои ги генерира оваа индустрија. Стратегијата за енергетика на Северна Македонија до 2040 година се дефинираат долгорочните цели за развој на поедини енергетски дејности за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со различни видови на енергија, при тоа обезбедувајќи услови и начин за заштита на животната средина и мерки за реализација на заштитата.

Развиена е стратешка оцена на влијанијата врз животната средина како посебен документ за процена на околински остварливите и одржливите опции за постигнување на целитe. Зеленото сценарио на Стратегијата предвидува да постигне учеството на Обновливи извори на енергија до 44% во 2040 година во вкупната потрошувачка на финална енергија.

И покрај исклучително еколошкиот аспект во однос на емисија на стакленички гасови, 0 отпад и емисии при призводство на енергија, значајно учество во исполнување на стретшките планови на земјата во однос на т.н „зелено сценарио“, строгите регулативи кои се наметнати за концесионерите, сепак индустријата се соочува со предизвици во однос на реакциите на локалното население и здруженија на граѓани, особено во однос на изградбата за малите хидроцентрали. Веруваме дека дел од реакциите се должат на недоволна информираност на граѓаните, па затоа во иднина ќе зборуваме повеќе за придобивките од работењто на малите хидроелектрани, не само во однос на чистата енергија, туку и во однос на локалната заедница, како значаен фактор кон исполнување на целите за одржлив развој на земјата.