Slide Slide Slide

KAKO РАБОТАТ
МАЛИТЕ
ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

Речиси половина од домашното производство на електрична енергија се базира на хидроенергија. Водата е еден од најефикасните извори и најзначаен обновлив извор на енергија во Македонија.
Дефиницијата за мали хидроцентрали низ светот не е единствена. Кај нас за мали хидроелектрани се сметаат хидроцентрали со инсталирана моќност до 10MW.

Малите хидроелектрани се вбројуваат во обновливи извори на енергија, кои ги користат природните водни ресурси, произведуваат чиста енергија без аерозагадување, без отпад. Притоа се полесни и поевтини за проектирање и реализација во споредба со големите хидроцентрали, и со минимални безбедни интервенции во животната средина.

Малите хидроелектрани се еколошки објекти со минимално влијание на биодиверзитетот и 0 емисија на C02.
Интересот за хидроелектрани во нашата земја се интензивира од 2007 година, кога се објавуваат првите повици и се доделуваат првите концесии за изградба на мали хидроцентрали. Фокусот на обновливите извори на енергија особено се става во 2018 и 2019 година со реформите во енергетскиот сектор.