Slide Slide Slide Slide Slide Slide

ЗА ГРУПАЦИЈАТА

НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) е форма на организирање на стопански субјекти кои се занимаваат со производство на енергија од обновливи извори, а тоа се:

Групацијата е конституирана и делува од 21 ноември 2017 година. Претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија е Тодор Анѓушев.

ЦЕЛИ НА ГРУПАЦИЈАТА

Користењето обновливи извори на прозиводство на енергија е еден од главните приоритети на земјите во светот, во борбата со климатските промени, но и во обезбедување на пристапна енергија.

Во таа насока Групацијата на обновливи извори на енергија има за цел:

  • Ги промовира и негува најдобрите практики за реализирање на проекти кои го зголемуваат производството на електрична енергија од обновливи извори
  • Се залага за одржливо искористување на ресурсите и реализација на проекти за заштита на животната средина
  • Во ситуација кога аерозагадувањето е се поизразен проблем, се залага за замена на производство на електрична енергија од цврсти и течни горива со производство на енергија од обновливи извори

МИСИЈА И
ВИЗИЈА

Свет без емисија на C02 и метан – заеднички да го поддржиме производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, пред сè за доброто на државата и иднината на нашите деца.

  • Се залагаме за доследно почитување на законите и регулативите, како и нивно унапредување. Партнери сме на државата и институциите кога станува збор за спроведување на регулативата.
  • Се залагаме за што поголеми вложувања на средства во зачувување на животната околина, односно силно подржуваме и поттикнуваме активности и проекти за заштита и унапредување на животната средина.
  • Во тесна взаемна соработка со сите релевантни чинители ја подигнеме свесноста за важноста од вложување во производство на електрична енергија од обновливи извори, како и позитивните ефекти од овие проекти врз животната средина и економијата.
  • Вложуваме во општествено одговорни проекти, поддршка на заедницата и граѓаните. Силно инвестираме во локални еколошки проекти.
  • Остваруваме соработка со институциите, невладините организации и граѓаните, со крајна цел промоција на најдобрите практики во нашето работење и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

ЧЛЕНКИ НА
ГРУПАЦИЈАТА

Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) е форма на организирање на стопански субјекти кои се занимаваат со производство на енергија од обновливи извори односно од сончева енергија, хидро енергиja, ветерна енергија, геотермална енергија и енергија од биомаса.

МЕЃУНАРОДНА
СОРАБОТКА

Групацијата на обновливи извори на енергија остварува соработка со повеќе групации и асоцијации за обновливи извори на енергија од Европа и светот за размена на искуства и знаења, технологии и следење на најновите трендови од аспект на заштита на околината и законските регулативи.

Од 2019 година Групацијата за обновливи извори на енергија учествува во проектот „Забрзување на трансформацијата на пазарот за индустриска енергетска ефикасност и инвестиции во најдобрите практики и технологии“ кој е активен од 2015 година е дел од програмата за индустриска енергетска ефикасност на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO). Оваа програма е активна во 18 земји во светот, со планови за отпочнување со активности во уште 10.