Slide

ПОЛИТИКА НА
ЗАЧУВУВАЊЕ
НА ОКОЛИНАТА

Политика на зачувување на околината
Ние во Групацијата на обновливи извори на енергија:

  • Промовираме и негуваме најдобри практики за реализирање на проекти кои го зголемуваат производството на електрична енергија од обновливи извори
  • Придонесуваме за одржлив развој на енергетскиот систем
  • Се залагаме за одржливо искористување на ресурсите и реализација на проекти за заштита на животната средина
  • Ги преземаме сите мерки за одржливо искористување на водните ресурси, почитување на биолошкиот минимум во согласност со промените на водниот тек и обезбедување гаранции за заштита на пивливата вода и водата за наводнување
  • Вложуваме во заштита на животната средина
  • Во ситуација кога аерозагадувањето е се поизразен проблем, се залагаме за замена на производство на електрична енергија од цврсти и течни горива со производство на електрична енергија од обновливи извори
  • Вложуваме во обновливи извори на енергија

СЕРТИФИКАТИ И
ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ

Хидроелектраните подлежат на барањата за подготовка и поднесување на Студија за оценка на влијанието врз животната средина. Оттука, хидроелектраните не може да се изградат или да почнат со работа пред да се добие позитивно решение за Студијата за оценка на влијанието врз животната средина во согласност со Законот за животна средина (Закон за водите, член 177). Студијата за оценка на влијанието врз животната средина содржи:

  • Опис на проектот заедно со информации за локацијата, карактерот и големината на проектот и на потребната земјишна површина
  • Опис на животната средина и на нејзината локација; Опис на природното, културното и историското наследство и опис на пределот
  • Опис на видот и количините очекувани емисии, особено на емисиите во воздухот, отпадните води, цврстиот отпад, како и други информации потребни за евалуација на поголемите влијанија на проектот врз животната средина
  • Опис на мерките за спречување, намалување и елиминирање на влијанието врз животната средина, како и на мерките за враќање во поранешната состојба
  • Опис на влијанијата на проектот врз животната средина имајќи го предвид нивото на развој на науката и прифатените методи за евалуација
  • Опис на карактеристиките на технологијата која се користи
  • Опис на алтернативните решенија за реализација на проектот што инвеститорот ги имал предвид и главните причини за избирање на предложената алтернатива; секогаш се вклучува и нултата алтернатива
  • Резиме на доставената студија без технички детали
  • Анализа на потешкотиите (технички недостатоци или недостиг на знаења) со кои инвеститорот или експертот биле соочени за време на подготовката на студијата
  • Предлог за големината и карактеристиките на потенцијалните промени поради кои е потребно да се ажурира Студијата за оценката на влијанието врз животната средина

Студијата за оценка на влијанието врз животната средина треба да се структурира на следниот начин:

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ 2. ВИД НА ЕЛАБОРАТ 3. ОРГАН НАДЛЕЖЕН ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ЕЛАБОРАТОТ 4. ОПИС НА ПРОЕКТОТ ВО КОЈ СЕ ВРШИ ДЕЈНОСТА ИЛИ АКТИВНОСТА 5. ОПИС НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОКОЛУ ЛОКАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ6. ВЛИЈАНИЕ НА ПРОЕКТОТ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА7. ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА8. ЗАКЛУЧОК9. СПИСОК НА ПРИЛОЗИ10. ИЗЈАВА

Инвеститорот треба да добие одобрение за Студијата за оценката на влијанието врз животната средина. Орган надлежен за разгледување и одобрување на Студијата (во случај на хидро електрани над 1 MW) е Управата за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање. Градоначалникот на општината е надлежен за разгледување и одобрување на Студијата (во случај на хидроелектрани до 1 MW).

КВАЛИТЕТ НА ВОДИ

Користење на водите за производство на електрична енергија може да се врши само врз основа на дозвола за користење на вода, односно концесија за користење на вода за производство на електрична енергија (Закон за води, член 53). Концесијата се доделува на 50 години за хидроелектрани со моќност од 2 до 10 MW и на 30 години за хидроелектрани со моќност до 2 MW (Закон за водите, член 57). Услов за доделување на концесискиот договор е добивање дозвола за користење на вода која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање (Закон за водите, член 56).

Slide

Групацијата за обновливи извори и нејзините членки се залагаат за одржливо искористување на ресурсите и ги преземаат сите мерки за одржливо искористување на водните ресурси, почитување на биолошкиот минимум во согласност со промените на водниот тек и обезбедување гаранции за заштита на пивливата вода и водата за наводнување. Дополнително членките на Групацијата вложуваат во заштита на животната средина преку реализација на повеќе локални проекти. Водата претставува ограничен и основен ресурс, неопходен за одржување на животот, со којшто се обезбедува социјална добросостојба, економски просперитет и здравје на екосистемот. Според хидрографската состојба во Република Македонија, постојат четири подрачја на речени сливови (Вардар, Црн Дрим, Струмица и Јужна Морава) и три природни езера (Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Дојранско Езеро). Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи.
Република Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите. Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реките, потоците и езерата) и водата истекува надвор од земјата. Единствени исклучоци се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.
Податоците за квалитетот на водотеците во Република Северна Македонија се добиваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат. Континуирано се следат органо-лептичките, минерализационите, кислородните и показaтелите на киселост, еутрофикационите детерминанти, органски микрополутанти, штетни и опaсни материи, биолошки елементи(Состав и изобилство на акватична флора и Состав и изобилство на бентосна инвертебратна фауна). Хидролошката состојба на реките и езерата се следи од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на дефинираните мерни места преку следење напроток на реки и водостој на природните езера. Податоците од мониторингот на хидролошките параметри може да ги најдете на следниот линк:
http://www.meteo.gov.mk/index.php?option=com_content&view=section&id=3&Itemid=4&lang=mk

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ
ОКОЛИНАТА

Малите хидроелектрани претставуваат обновливи извори на енергија, кои ги користат природните водни ресурси, произведуваат чиста енергија без аерозагадување.

  • Не предизвикуваат аерозагадување – користат вода и гравитација што е
    целосно јаглеродно слободен и неисцрпен извор
  • Не генерираат гасови, ниту пепел
  • Нема радиоактивен отпад
  • Не се исцрпува каков било ресурс
  • Водата не се троши ниту се загадува
  • Не генерираат емисии на стакленички гасови

Со моментално инсталираните електроцентрали на обновливи извори на енергија, редукцијата на C02 во РС Македонија е 418.204,00 тони, а тоа влијание значително може да се намали со зголемување на бројот на субјекти кои произведуваат енергија од обновливи извори.

НАЈДОБРИ
ПРАКТИКИ

Наскоро